Ако сте љубител на поп-културата, сигурно сте ги забележале малите фигурки со големи коцкасти глави и симпатичен дизајн што ги има речиси насекаде – тоа се Funko Pop!. Овие винил фигури се создадени од компанијата Funko, која е позната по своите колекционерски производи инспирирани од филмови, серии, видео игри, стрипови и познати личности. Историја на Funko Pop! Компанијата Funko е основана во 1998 година од Мајк Бекер, но вистинскиот успех го достигнува кога во 2005 година ја презема Брајан Мариоти. Тој го проширува брендот и го лансира Funko Pop! Vinyl во 2010 година. Овие фигурки брзо стануваат хит, бидејќи нудат