best wordpress themes

Извор на комфор и убавина и со налик на облак, Lazy Bag Smarto е мек, пердувест и издржлив. Ова инвентивно парче мебел е совршениот придружник за одмор кое овозможува релаксација на умот и телото. Smarto e приспособлив за секаков вид седење или лежење, а џебот за далечински управувач, телефон, или контролер за конзола секогаш ви е на дофат.

Без разлика дали читате книга, гледате телевизија или се дружите со семејството и пријателите, овој lazy bag овозможува уживање за секоја возраст.

Во деновите кога вашиот грб не може да поднесе ниту една минута повеќе на неудобната столица, понудете му го она што му е потребно и опуштете се. А кога е време за чистење, едноставно отворете го патентот и извадете го полнењето.

✔️ Предности:

  • Лесно се одржува
  • Надворешна навлака со патент
  • Неверојатно удобно
  • Вграден џеб
  • Лесно преносливо
  • Погодно за деца и возрасни

✔️ Технички спецификации:

  • Димензии 90x60x70 cm
  • Одржување на 30°
  • Меко полнење од полиуретанска пена и ЕПС гранули
  • Софистициран ергономски дизајн
  • Достапна во сино

Табуретката Quadro е идеалниот додаток на секој дом. Ова модерно и повеќенаменско парче мебел е скроено да внесе разновидност во вашиот простор и да послужи како удобно место за седење и одмарање. Quadro е лесен за одржување, изработен од висококвалитетен штоф и направен да трае со години.

Табуретката лесно се преместува, па денес може да уживате во дневната, а утре на терасата и секаде да креирате пријатна атмосфера. Quadro се приспособува на вашето тело, а мекото полнење овозможува удобно седење без болки.

А кога е време за чистење, со едно поминување со влажна крпа, вашата табуретка ќе изгледа како штотуку купена. Достапна е во неколку бои и погодна за сечие внатрешно уредување и сечиј вкус.

✔️ Предности:

  • Лесно се одржува
  • Водоотпорен штоф
  • Неверојатно удобно
  • Лесно преносливо
  • Се приспособува на телото
  • Погодно за деца и возрасни

✔️ Технички спецификации:

  • Димензии 40х40 cm
  • Одржување на 30°
  • Меко полнење од полиуретанска пена и ЕПС гранули
  • Софистициран ергономски дизајн